Британската глумица Дајана Риг, позната по улогата на леди Олена Тајрел во хит-серијата „Игра на тронови“, почина од рак на 82-годишна возраст.
„Мојата сакана мајка почина утрово, опкружена со своето семејство. Во март ѝ беше дијагностициран рак, а последните месеци уживаше во обичен живот и беше опкружена со љубов”, напиша ќерката на актерката.
Риг се прослави со улогата на Ема Пил во шпионската ТВ-серија на Би-би-си, „Одмаздници“. Во 1969 година таа ја играше девојката на Бонд, Трејси ди Виченцо, во филмот „Во тајната служба на нејзиното височество“.