#АМАЗОШТО
Ја коментираат Тамара: На сред секс читаш “Гоце Делчев, Даме Груев….” и толку е од сексот, мора да застанеш мирно на химната
Поп-пејачката Тамара Тодевска под градите ја истетовира строфата од химната што ја згреши пред една година на настапот во американската амбасада. „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, е тетоважата што ја направи Тамара и ја покажа на „Инстаграм“.
Твитерџиите повторно се пошегуваа на нејзина сметка, а ова се дел од коментарите
Сега кога ќе им го дадеме Гоце Делчев на бугарите, Тамара ќе има погрешна химна на ребрата.
— Aladeen©️ (@generalniot) October 30, 2020
Од сега нова исповед во црквите: Во името на отецот, синот, светиот дух и тетоважите на Тамара ги прогласувам твоите гревови за простени! Амин!
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) October 30, 2020
Може после химнава Тамара ќе си тетовира и амбулатно возило, за да и опростиме и за тоа!
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) October 30, 2020
Тамара си ги истетовира стиховите, за следен пат кога ќе ја пее да не ги заборави pic.twitter.com/dNWglIUoXQ
— simith lord (@kasnuvalo) October 30, 2020
Тетоважата на тамара мора да е фејк/привремена, инаку друго логично објаснување немам.
— Ержебет Батори (@erzebet_batori) October 30, 2020
А ако се договориме со Бугарите за Гоце, па некако бидне нивен, дали Тамара ќе го шкртне?
— Фрајлица (@Azhdajche) October 30, 2020
Во неделa 20:00h, на плоштадот во Скопје, ќе има ракоплескање за тетоважата на Тамара Тодевска.
— ☕ Кафеџија☕ (@Kafedzijata_) October 30, 2020
На сред секс читаш: "Гоце Делчев, Даме Груев…." и толку е од сексот, мора да застанеш мирно на химната
— Лудо Чудо (@pluviofil666) October 30, 2020
Се додека Тамара на нејзината фаца не си истетовира мустаќи како на Гоце ,неможам да и простам.
— Џојди Вижан (@namlessbitch) October 30, 2020
Тамара можела барем запирки да стаи на тетоважата, изглеа не ја пее со запирки.
— Ц (@ceciliaa537) October 30, 2020
Тамара би требало да знае дека Сандански во химната е Санданскииииииии
— GK (@KG_OhriT) October 30, 2020