Медиасет.мк

#ФОКУС

Aјкула усмрти сурфер во Австралија

Голема бела ајкула долга 3 метри усмрти сурфер во северниот дел на Нов Јужен Велс, соопшти државната полиција на Австралија.

Ајкулата му ја одгризала ногата на сурферот, кој се претпоставува дека имал 60 години, додека тој сурфал во Кингсклиф, на околу 800 километри северно од Сиднеј.

Неколку „херојски“ сурфери се обиделе да му помогнат на мажот да се ослободи од ајкулата, но иако успеале да го донесат до брегот, тој починал од повредите, објавија локални медиуми.

На сурферот му била пружена прва помош, но повредите на левата нога биле премногу сериозни и тој починал на самото место.

The Sydney Morning Herald објави дека иако полицијата испратила вооружени специјалци да ја најдат ајкулата, не успеале да ја убијат и таа заминала од областа по неколку часа. Полицијата во Австралија е овластена да убива ајкули ако бидe проценето дека претставуваат опасност по животите на луѓето.

Плажите во околината се евакуирани и затворени за пливачи и сурфери во наредните 24 часа. Ова е трет фатален напад на ајкула во австралиските води годинава.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: