Медиасет.мк

#ФОКУС

Ако не се носат маски, до ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од коронавирус, предвидува американски институт

До 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки, според проекцијата на американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл.

Покрај ова, институтот од Сиетл предвидува уште две сценарија.

Најлошото сценарио е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1 ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1 ноември би изнесувал 752.

Според проекцијата за најлошото сценарио, бројот на починати би пораснал до 32 дневно до 1 ноември, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3 дневно.

Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се врз основа на бројките до 11 јули, кога имаше 380 починати во Македонија.

Заклучно со вчера, вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, починати се 406, а активни се 3.704.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: