#ФОКУС
Ако во Македонија се носат маски, за 10-12 дена бројот на новозаразени ќе падне на нула
Најновата анализа која имала за цел да го квантифицира влијанието на носењето маски врз ширењето на SARS-CoV-2 утврдила дневно намалување на бројот на новозаболени за 40% во германскиот град Јена. За 10-тина дена, бројот на новозаразени паднал на нула.
Направив симулации за две сценарија, за дневен пораст на бројот на новозаболени од 10% и 2%.
Други претпоставени параметри:
Почетен кумулативен број на потврдени заразени: 3000
Почетен дневен број на новозаразени: 150
Првите 14 дена нема носење маски.
Маските почнуваат да се носат на 15-от ден и тоа со претпоставена дисциплина како во градот Јена.
Резултат:
За 10-12 дена од почетокот на масовното носење маски, веќе нема новозаразени и кумулативниот број на заразени повеќе не се искачува.
Заклучок:
Ако во Македонија самодисциплината за носење маски е како таа во германскиот град Јена, логично е да се очекува дека за 10-12 дена бројот на новозаразени ќе падне на нула.
П.С. Општ заклучок е дека 40% дневна редукција за 10 дена води до 99.4% намалување на дневниот број на новозаразени во однос на почетниот број.