Медиасет.мк

#ТРЕНД

Актерка му ветила секс на 50 Сент, ако не гласа за Трамп

Американската комичарка и актерка Челси Хендлер му ветила на познатиот музичар и рапер 50 Сент дека ќе има секс со него, ако не гласа на изборите за Доалд Трамп.

Челси ова јавно го откри во подкастот кој го води манекенката Наоми Кемпел.

„Разговарав со него на телефон откако видов твит во кој тој напиша дека го поддржува Трамп. Го познавам 50 Сент затоа што спиев со него два месеци. Знам дека тој не е таков лик. Тој се шегува на социјалните мрежи и не е секогаш сериозен, па затоа му се јавив“, открила Челси.

Челси вели дека ги охрабрувала луѓето да гласаат, а објави и видео во кое со голи гради ги информира фановите дека гласала.

Имено, американскиот рапер претходно на „Твитер“ напиша дека го поддржува Трамп. Тој истакна дека ќе стане 20 Сент, ако Џо Бајден (77) биде избран за претседател на САД.

Трендинг

На почеток
error: