Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

(ФОТО) Конечно: Мечето Теди од Штип отпатува во резерватот на Брижит Бардо

Мечето Теди, кое три ипол години живееше во несоодветни услови и мал кафез во ЗОО паркот во Штип, конечно отпатува во резерватот на Брижит Бардо и Четири шепи во Белица, Бугарија.

„Ќе пробам да заборавам на сите лоши работи и сите луѓе кои не кочеа во процесот Теди да биде спасен.
Денеска КОНЕЧНО мечето ќе патува во резерватот на Брижит Бардо и „Четири шепи“. Не можам да ви објаснам колку сум среќна после година ипол борба. Се надевам и ти Теди ќе заборавиш на се’ лошо што ти се случуваше и ќе уживаш на 150 000 м2 во трчање“, објави Мицковска на својот фејсбук профил.

Убвата вест ја соопштија и од ЗОО Скопје.

„По иницијатива на нашата колешка Тина која го водеше целиот процес беа исконтактирани 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните кои ни помогнаа Теди да замине на подобро место“, се вели во објавата.

Трендинг

На почеток
error: