Медиасет.мк

#ТРЕНД

Актерот Иван Босиљчиќ има коронавирус

Познатиот српски актер Иван Босиљчиќ со публиката преку социјалните мрежи ја сподели веста дека е заразен со коронавирус.

Тој вели дека сите колеги со кои тој бил во контакт, како и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ и ќерката Нина, се негативни за коронавирусот.

„Мојот тест на ковид е позитивен, во текот на следниот период ќе закрепнувам во домашна изолација. Имам симптоми, под надзор сум на добри лекари. Исклучително ми е важно тоа што никој од над 30 колеги со кои бев секој ден, не е заразен. Исто така, моите членови на семејството се здрави. Ви благодарам за разбирањето. Се гледаме наскоро во здравје. Чувајте се“, напиша Иван.

Трендинг

На почеток
error: