Медиасет.мк

Медиасет

Актерот Жерар Депардје повторно е обвинет за сексуален напад

Францускиот актер Жерар Депардје се соочи со ново обвинение за сексуален напад, а овој пат зад него стои сценографка со која соработувал.

53-годишната Амели која ја поднесе тужбата, тврди дека Депардје ја грабнал и ги допирал нејзините гради во 2021 година.

Нападот наводно се случил за време на снимањето на филмот „The Green Shutters“, чија премиера била една година подоцна.

Депардје допрва треба да ги коментира новите обвинувања, но 75-годишниот актер претходно ги отфрли сите претходни обвинувања за сексуално вознемирување.

Карин Дурие-Диебо, адвокатката на сценографката која ја поднесе тужбата, потврди дека Амели го обвинила актерот за сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди.

Дурие-Диебо за француската телевизија BFMTV изјави дека нападот се случил кога нејзината клиентка „минувала низ ходникот каде што седел Депардје“.

„Тој ја зграпчил, ги стегнал неговите нозе и го допрел нејзиното тело, до нејзините гради. Се чувствувала целосно немоќно и не можела да се оттргне од него“, рече адвокатот.

Таа тврди дека други лица, кои учествувале во снимањето, се приближиле и го прекинале.

Тужбата беше поднесена во јавното обвинителство во Париз претходниот петок, додаде таа.

Депардје претходно беше обвинет од 13 други жени за сексуален напад и вознемирување.

Тој се изјасни за невин во секој од овие случаи, тврдејќи дека сите негови односи биле консензуални.

„Никогаш не сум злоставувал жени“, рече тој во отвореното писмо минатата година.

На почеток
error: