Медиасет.мк

Медиасет

Богатиот шеик рече „не“, ПСЖ се откажа од Мбапе и го пушти во Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, бидејќи сопствениците веќе не се расположени за договори.

Емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани нема да му даде нов предлог на Мбапе да остане во Париз, а од претходно беше познато дека Килијан сака да замине во Реал Мадрид.

Договорот му истекува на лето и може да замине како слободен играч, седум години откако пристигна меѓу „светците“ со кои го освои шампионатот на Франција, но не и трофејот наменет за шампионот на Европа.

Извори блиски до Пари Сен Жермен наведуваат дека дефинитивно нема да има нова понуда од сопственикот на клубот до Французинот да се премисли.

Емирот на Катар ќе се сретне со Мбапе во вторник, но за неговата иднина нема да се зборува бидејќи веќе е јасно и познато.

Трендинг

На почеток
error: