Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Алиса Милано: Имам сериозен проблем со помнењето

Американската актерка Алиса Милано зборуваше за коронавирусот, наведувајќи дека дури седум месеци откако го прележа вирусот, таа се уште чувствува последици.

Таа пред неколку месеци сподели видео на Твитер на кое демонстираше опаѓање на нејзината коса, а сега откри дека освен тој симптом има проблеми и со помнењето.

„Првите симптоми кои ги имав беа проблеми со стомакот и главоболка како никогаш до тогаш во животот, а исто така и голем замор. Тоа траеше околу три дена и помислив дека веројатно треба да одам на тестирање и првиот тест беше негативен“, изјави Милано и додаде:

„Потоа повторно се тестирав и резултатот беше позитивен. Ми беше ужасно. И сега ми е тешко, особено кога сте актер и косата е дел од вашиот идентитет. Освен тоа, сега имам и проблем со помнењето, а тоа ми е голема препрека во работата која ја работам, бидејќи морам да ги запамтам речениците. Ужасно е!“.

https://youtu.be/srGEM1OccS0

Трендинг

На почеток
error: