Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Amazon претстави домашен дрон: Ќе гледа дали сте ја исклучиле пеглата или затвориле прозорот

Новиот домашен дрон на Amazon ќе служи да ја осигура безбедноста на вашиот дом. Amazon тврди дека дронот е дизајниран за да се обезбеди приватност и безбедност во нечиј дом, а кога леталото е во својата база, камерата е блокирана од заштитната ограда.

Цената на овој уред ќе биде околу 250 евра, а кога ќе ја купите, ќе мора да направите мапа од вашиот дом за дронот да знае каде треба да се движи. Ќе постои и опција за именување на просториите.

Дронот Ring ќе може да биде поврзан аларм систем, а ќе можете да го управувате. Во понудата исто така ќе има и опција за самиот да полета доколку детектира нешто. Од Amazon велат дека камерата на дронот може да се користи за едноставни работи, како што е гледање дали пеглата сте ја заборавиле вклучена, или пак сте оставиле отворен некој од прозорите.

Дронот користи технологија која му овозможува да избегне судир со објекти кои ќе му се најдат на патот, додека пак кај пропелерот има заштита која луѓето или милениците ги заштитува од повреди доколку се судрат со „домашното летало“.

Трендинг

На почеток
error: