Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, во интервју за „Курир“ првпат отворено прозборе за љубовниот живот на нејзината мајка. Таа вели дека Цеца е во најубавите години од животот и дека сè што ѝ недостасува е силен маж покрај неа.
„Сакам мајка ми да се омажи. Сигурно постои таков маж што ќе ја освои. Кога ќе треба да се случи, ќе се случи. Таа е во светот на младоста. Изгледа феноменално, емотивна е, заслужува љубов. Тоа мора да е некој што ќе може да ја следи, да е реализиран, да нема комплекс од неа. Да биде подеднакво успешен“, рекла Анастасија.
На прашањето за поранешните дечковци на Цеца што ги имала по смртта на Аркан, младата пејачка рекла: „Ако некој од нив чинеше, сигурно ќе беа уште заедно“.