Медиасет.мк

#ФАЦИ

Aндријана Јаневска со емотивна објава за Денот на мајката

Пејачка Андријана Јаневска, на социјалните мрежи објави емотивен статус за денот на мајките. Таа објави и фотографија од нејзината прерано почината мајка.

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка.

Посветено на мојата прерано почината мајка, Нада Јаневска, по повод меѓународнот ден на мајката.

Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете.“ – напиша Јаневска

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157678136619790&set=a.471239374789&type=3&theater

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: