Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

Американската компанија „Гугл“ соопшти дека има намера да ја создаде најобемната мрежа за рано откривање и алармирање при појава на земјотрес со помош на Андроид телефони.

Во најновото соопштение од компанијата стои дека отсега телефоните со Андроид систем ќе можат да станат дел од системот за предупредување за земјотреси насекаде во светот.

Тоа значи дека вашиот телефон ќе може да биде мини сеизмометар и да им се придружи на милиони други Андроид уреди со цел да се создаде најголем систем за предупредување во светот.

Бидејќи секој паметен телефон е опремен со мал акцелерометар, тој прима сигнали што може да укажат на земјотрес во близина. Тие ќе бидат испратени до специјален сервер кој ќе собира и обработува информации од разни паметни телефони за да утврди дали навистина има земјотрес на одредено место.

Трендинг

На почеток
error: