Медиасет.мк

#ФАЦИ

Антониа Гиговска: Чекаат момент да кажат или напишат нешто лошо, имам чувство дека сите се против мене

Пејачката Антониа Гиговска првпат отворено прозборе за критиките што ги добива на нејзина сметка. Вели, има чувство дека многу луѓе не ја сакаат, па едвај чекаат да згреши нешто за да почнат да пишуваат лошо за неа. Иако делува силна, Антониа признава дека муабетите и критиките на јавноста знаат и да ја повредат.

„И јас имам денови кога плачам. И јас имам чувство дека сите се против мене. И јас имам чувство дека што и да направам не ви се допаѓа. И јас имам чувства исто како и вас. И мене ме повредиле многу луѓе. Вчера бев ‘плава’. Денес розова. Утре ќе бидам зелена. Задутре црна. Негативни коментари има секој ден. Мојата боја на коса не му се допаѓа на секого, моите песни, текстови, мојот стајлинг, мојата килажа.

Сега сум дебела, утре ќе бидам слаба. Ја прифаќам Антониа таква каква што е. Сега. Утре. За година.

Многу луѓе не ме сакаат. Многу луѓе се среќни кога плачам, многу луѓе чекаат каков било момент да кажат или напишат нешто лошо за мене. Некогаш треба да си ја запознаете својата вредност. Само така ништо нема да ве допре. Така и мене. А можеби треба да го почуствувате тоа.

Фала му на Господ, па имам сѐ што ми треба. Моите најблиски, тимот, љубов и вас фановите. Доволно е“, напиша пејачката на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CCDwzWLnLC-/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: