#ФОКУС

Јапонски научници со експеримент докажаa дека маските навистина штитат од коронавирусот

Објавено на

Јапонските научници спроведоа експеримент и покажаа дека маските можат да бидат ефикасна заштита од честичките на ковид-19, но додаваат дека дури и професионалните заштитни маски не можат да го отстранат ризикот од инфекција.

Научниците од Универзитетот во Токио составија безбедна комора во која ги ставија главите на две кукли свртени една кон друга. На едната имало небулизатор што симулирал кашлање и исфрлање честички на ковид-19. На другата глава имало комори за проток што го имитира респираторниот систем.

Експериментот покажал дека носењето памучна маска го намалува внесувањето на количината на вирус (вирусно оптоварување) до 40%. Маската N95, користена од медицинските професионалци, блокирал до 90% од честичките на коронавирусот. Сепак, дури и кога научниците ја зацврстиле маската N95 со леплива лента и го залепиле поцврсто на лицето на куклата, некои честички од вирусот сепак успеале да избегаат.

Кога истражувачите ставиле памучни и хируршки маски на главата на куклата што симулирала кашлање, тие запреле повеќе од 50% од честичките на вирусот.

„Кога и приемникот и распрскувачот на вируси носеа маски, имаше синергетски ефект“, велат научниците, пренесува Ројтерс.

Постои растечки консензус меѓу здравствените експерти дека ковид-19 може да се шири со аеросоли, или помали честички во воздухот. Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги ажурираа своите упатства овој месец, во кои се наведува дека патогенот може да остане во воздухот со часови.

Трендинг

Exit mobile version