Медиасет.мк

#ТРЕНД

Аријана Гранде им праќа пари на фановите кои останале без работа?

Ариjана Гранде, наводно, испраќа пари на фановите кои имаат потреба.

Таблоидите пренесуваат дека познатата музичарка ја користи апликацијата за трансфер на пари Venmo за да ги испрати пари до фановите кои се најсилно погодени од пандемијата на коронавирус, особено оние коишто ги загубија своите работни места како резултат на потребата да се самоизолираат и да останат дома.

Според TMZ, голем број фанови пријавиле дека им биле испратени од 500 до 1.500 американски долари, а некои од нив велат дека Аријана веќе неколку дена тајно го прави ова хумано дело.

Во разговор со Page Six, еден фан на Аријана рече дека таа стапила во контакт со него и му испратила плата за еден месец.

Добротворниот чин на 26-годишната пејачка доаѓа откако беше откриено дека Тејлор Свифт испраќа пари до нејзините фанови кои останале без приходи, а медиумите пишуваа за неколку нејзини донации од 3.000 УСД.

Тејлор наводно контактирала со некои фанови преку приватна порака и ги прашувала за детали за нивните пејпал-картички (PayPal) со цел да им донира пари откако на социјалните мрежи прочитала за нивните проблеми.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: