Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Мјузиклот со чест на Тоше Проески е онлјан – приказна за другарство, алчност, осаменост…

Немавте шанса во живо да го гледате мјузиклот „Тајно моја“, посветен на нашиот ангел Тоше Проески? Сега можете да уживате во него од удобноста на вашиот дом.

„Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „The Hardest Thing“… бројни хитови на македонскиот „славеј“ се вклучени во претставата.

Мјузиклот ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски „Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“ ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

https://youtu.be/nvJs6Df6BzI

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: