Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

Арнолд Шварценегер ќе го глуми Дедо Мраз во нова божиќна акциска комедија

media-librarylnk9147task9bIONAew

Арнолд Шварценегер ќе се појави во улогата на Дедо Мраз во новиот филм „The Man with the Bag“, кој ги спојува божиќната атмосфера, комедијата и акцијата. Стриминг-сервисот „Прајм видео“ го објави првиот официјален трејлер, во кој покрај холивудската ѕвезда настапува и Алан Ричсон, познат по серијата „Ричер“.

Приказната започнува кога едно непослушно џуџе ја краде црвената торба на Дедо Мраз, со што го доведува Божиќ во опасност. За да ја врати, Дедо Мраз на својот список на непослушни го пронаоѓа Ванс, поранешен крадец кого го глуми Ричсон, и бара од него помош.

Двајцата потоа собираат тим со кој планираат голем грабеж за да ја спасат празничната прослава.

Филмот го режира Адам Шенкман, а во актерската екипа се и Беркли Џејмс, Аквафина, Џејн Краковски, Кен Џеонг, Мајкл Сирил Критон, Лиза Коши и Кајл Муни.

„The Man with the Bag“ ќе биде достапен на „Прајм видео“ од 2 декември.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Филм

Сите →
media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

пред 23 часа
media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ глуми во популарна комедија заедно со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

пред 3 дена
media-libraryd2cf6kabeln7195z3Ad ВИДЕО

(Видео) Објавена нова сцена од серијата „Хари Потер“, гледачите не се воодушевени од изгледот

пред 1 седмица
di-kaprio-960x504-1

Леонардо ди Каприо откри кој филм му бил најтежок во кариерата

пред 1 седмица
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања