Медиасет.мк

#ДОСИЕ

Јас не дојдов на овој свет за да бидам поразен

Јас не дојдов на овој свет за да бидам поразен, неуспехот не тече низ моите вени. Не сум овца која чека пастирот да ја подбутне. Јас сум лав, кој одбива да збори, оди и спие со овци.

Не сакам да ги слушам оние кои се жалат, затоа што нивната болест е заразна. Таквите нека си одат со овците.

Кланицата на неуспехот не е моја судбина. Намерата ми е да издржам сѐ додека не успеам.

Животните награди доаѓаат на крајот на секој пат, а не на почетокот: и не ми е судено однапред да знам колку чекори треба да направам додека ја постигнам мојата цел.

Неуспехот може да ме чека по 1000 чекори, но успехот може да  се крие на следниот чекор.

И никогаш нема да дознаам колку сум блиску или далеку од него, освен ако не продолжам да одам по мојот пат. Секогаш ќе го направам следниот чекор и доколку тој чекор не ми донесе ништо, ќе направам уште еден чекор, па уште еден, итн.

Искрено, да се оди чекор по чекор и не е толку тешко.

Намерата ми е да издржам сѐ додека не успеам!

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: