На ливада во Подгорица веќе неколку месеци се наоѓа паркиран авион од типот „Фокер 100“, кој некогаш бил дел од флотата на националниот авиопревозник „Монтенегро Ерлајнс“.Леталото минатата година било купено на јавна лицитација од бизнисменот Бојан Драгаш, кој живее во САД, но потекнува од Црна Гора.Според најавите, авионoт во иднина би можел да биде претворен во ресторан, со зачувување на неговиот автентичен изглед.Жителите на населбата велат дека биле изненадени кога го виделе авионот на ливадата, но сметаат дека е подобро да биде пренаменет отколку да заврши како старо железо.Леталото со години стоело неискористено на аеродромот во Подгорица, без мотор и дел од опремата, но сопственикот во него гледа потенцијал за уникатен угостителски објект.
