Американската влада побара од НАСА да развие нов систем за пресметување на времето на Месечината.
Белата куќа сака американската вселенска агенција (НАСА) да развие нова временска зона за Месечината – Координирано лунарно време. (CLT).
Времето на ова вселенско тело тече побрзо од она на Земјата поради разликата во неговото гравитационо поле -58,7 микросекунди секој ден.
Ова можеби не значи многу, но може да направи значителна разлика при синхронизирање на вселенските летала.
Американската влада се надева дека новата временска зона ќе им помогне на владините и приватните компании во нивните заеднички напори да стигнат до сателитот на Земјата.
„Гравитацијата на Месечината е за нијанса послаба и затоа времето таму тече поинаку“, објасни Кетрин Хејманс од Кралската шкотска опсерваторија за програмата на BBC Radio 4.