#ФОКУС

Белорусите му пркосат на Лукашенко, на балконите ставаат градници, гаќи и маици во црвена и бела боја

Објавено на

Официјалното знаме на Белорусија е зелено- црвено, а администрацијата на Лукашенко забрани употреба на бело-црвеното знаме, што доведе до мали акции на бунт кај белорускиот народ.

Бело-црвено-белото знаме, воведено во 1918 година, кое беше накратко употребено во 90-тите години на минатиот век, сега е симбол на протестите против белорускиот владејачки режим.

Во знак на револт, жителите на Белорусија на балконите ставаат градници, гаќи и маици во црвена и бела боја. Кај некои се завеси, некои имаат на прозорците црвено-бело цвеќе, па дури и на протестите, жените носеа фустани во овие бои.

Трендинг

Exit mobile version