Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Бездомник завршил во болница, улични кучиња чекале со саати пред врата

Медицинска сестра од Бразил, Крис Мамприм, додека работела ноќна смена во болницата Алто Вале, бездомник по име Цезар дошол на лечење. Додека тој ја примал терапијата, сестрата приметила „чудни“ гости пред болничката врата, од кои во прв момент се исплашила.

Пред вратата на болницата имало четири кучиња, кои со саати го чекале бездомникот додека тој ја земал терапијата. Во разговорот со Цезар, медицинската сестра дознала дека тие се негови кучиња, дека тој се грижи за нив, а тие го прават неговиот живот на улица – полесен. Она што постебно и го привлекло вниманието на сестрата е состојбата на кучињата, кои не изгледале ненахрането и запуштено, како повеќето кучиња кои можеме да ги сретнеме на улиците.

Безомникот и кажал на сестрата дека често се откажува од својот оброк, за да има за неговите крзнени пријатели.

„Кучињата се мои најдобри пријатели. Ако извадиш од твојата уста за да им дадеш на нив, биди сигурен дека ќе те пратат каде и да си тргнал“, ѝ искоментирал Цезар на медицинска сестра, сведочела таа.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: