Медиасет.мк

#ТРЕНД

Бил Клинтон во центарот на педофилски скандал

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон бил на интимна вечера со Гислејн Максвел во 2014 година, откако таа е обвинета дека регрутирала девојки за педофилот Џефри Епштајн, се тврди во извештајот на „Дејли бист“.

Како што е наведено во овој извештај, Бил Клинтон бил со група пријатели на вечера во Лос Анџелес, вклучувајќи ја и мадам Гислејн и нејзиниот партнер Епштајн.

Меѓу гостите бил и глумецот Шон Пен, се тврди во извештајот. Максвел во моментов се наоѓа во затворот во Бруклин, поради сомнение дека подведувала малолетни девојки за Епштајн.

„Дејли бист“ вели дека засега не е јасно зошто Максвел била на таа вечера, но извори тврдат дека таа била блиска со поранешниот претседател и неговата ќерка Челзи.

Максвел наводно во повеќе наврати била гостин во куќата на Клинтонови. Но, како што пренесуваат медиумите, врската меѓу Клинтон и Максвел оди многу подалеку од само таа вечера.

Александар Џераси, син на сестрата на Максвел, Изабел, работел како шеф на персоналот во Бирото за блискоисточни работи, од мај 2011 година до јуни 2012 година, додека Хилари Клинтон била државна секретарка.

Тој првата работа ја добил веднаш по завршувањето на колеџот. Некои од медиумите пренесуваат дека тој имал специјален третман кај Клинтонови.

На една од фотографиите од 2002 година прикажан е Клинтон како се смешка додека тогаш 22-годишната Шонтеј Дејвис му ги масира рамењата.

Неа наводно ја ангажирала токму Максвел. И покрај објавените фотографии и тврдењата дека Епштајн ја силувал во повеќе наврати, Дејвис за искуството со Клинтон вели дека било позитивно и дека тој кон неа се однесувал како вистински џентлмен.

На уште една фотографија објавена претходно оваа година, се гледа како Клинтон и Максвел стојат на една врата, од авионот на Епштајн, „Лолита експрес“.

Од канцеларијата на Клинтон ги негираат сите наводи дека поранешниот претседател знаел за каков било сомнеж за нелегални активности, додека бил пријател со Епштајн и Максвел.

Исто така од таму негираат дека бил во посета на островот на Епштајн, познат како Островот на педофилот.

На почеток
error: