Бојан од Скопје e спортист и сопственик на клуб за функционални тренинзи.
Тој изминатиов викенд предводел група спортисти и рекреативци на планинарење на Шар Планина. За време на оваа тура, доживеале непријатно искуство кое предизвикало загриженост и го срушило впечатокот од магичната Шар Планина и Лешница.
На социјалните мрежи, Бојан го сподели своето сведоштво за непријатностите кои тие ги доживеале и истовремено апелира на внимателност.
По враќањето од Лешница, забелаже дека нивните автомобили, паркирани во близина на селото Бозовце под планината, се оштетени – искршени ретровизори, изгребани гуми.
