Медиасет.мк

#ТРЕНД

Боб Дилан наскоро со нов албум

Боб Дилан наскоро ќе објави албум со нова музика, осум години по пикот на креативноста на човекот кој се смета за еден од највлијателните текстописци во светот.

Албумот насловен Rough and Rowdy Ways ќе биде пуштен во продажба на 19 јуни, се вели во краткото соопштение на официјалната веб-страница на Дилан. Според објавата, тоа ќе биде двоен албум, но не беа дадени други детали.

Соопштението уследи по објавувањето на False Prophet („Лажен пророк“), трета нова песна на Дилан.

„Не сум лажен пророк, само знам тоа што го знам, одам таму каде што можат само осамените… “ пее Дилан (78) во блузот.

Боб Дилан, нарекуван „Пикасо на музиката“, е првиот музичар во историјата кој доби Нобелова награда за литература за своите поетски иновации во пишувањето текстови за песни.

Неговиот последен албум, Tempest, составен исклучиво од авторски песни, беше објавен во 2012 година.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: