Медиасет.мк

#ТРЕНД

Игор Којиќ ја избриша фотографијата со Северина

Игор Којиќ ја избриша заедничката фотографија со Северина, која му беше објавена на „Инстаграм“ и ги потврди шпекулациите дека двајцата не се во најдобри односи пишуваат хрватските медиуми. Тие пренесуваат дека Игор, нема објавено фотографии со Северина уште од минатата година.

Извори блиски до двојката тврдат дека двојката нема намера да се разведе.

Шпекулацијата дека пејачката и нејзиниот сопруг се разведуваат, за брзо време се рашири низ српските медиуми, особено откако Северина си замина од Белград и се врати во Загреб, каде го прослави својот 48. роденден. Како што пренесува српскиот весник „Информер“, Северина и Игор се расправале околу базенот во куќата на Ќеба.

Таа сакала да стават нови плочки во базенот и да го наполнат со морска вода, но Ќеба, им објаснил дека поради пандемијата и кризата, имаат помалку пари и дека не се во можност да ги исполнат желбите на Северина. Пејачката се налутила и си заминала во својот дом во Загреб.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: