Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Новак објави урнебесен клип среде ноќ

Новак Ѓоковиќ по пристигнувањето во САД реши да објави видео како ги минувал слободните денови и особено како изгледал кога се вратил на скијачката патека.

Српскиот тенисер објави видео од скијање со опис „Tomba la Bomba“ алудирајќи на Алберто Томба, познатиот италијански скијач кој беше светски шампион.

Ѓоковиќ никогаш не криел дека Томба е еден од неговите најголеми идоли, а скијањето му е прва љубов со оглед на тоа што извесно време скијал и неговиот татко Срѓан.

Српскиот тенисер на тој начин покажа дека во САД пристигнал исклучително расположен бидејќи само накратко додаде: „Вратете се на неодамнешното скијање“.

Трендинг

На почеток
error: