Медиасет.мк

#ФАЦИ

Боки се облече како Тито и направи ново шоу на судењето

Бојан Јовановски ака Боки 13 повторно правеше шоу во судот, каде се појавува како обвинет во случајот „Рекет“. Тој од почетокот на процесот па досега, постојано влегува во конфиликт со судијката и обвинителката Вилма Русковска.

Боки на едно од минатите рочишта најави дека ќе биде новиот политички лидер во нашата држава. Тој денеска рече дека облекол бел костум како што на времето носел Тито, па изрази незадоволство бидејќи во судницата не била присутна Вилма Русковска.

„Не знам што бара овој обвинител овде”, рече Боки на саркастичен начин.

Тој ја нарекува Вилма Русковска „обвинителката која сакаше да биде Катица Јанева“. Судијката му кажа дека кога зборува треба да гледа во неа а не кон новинарите, на што тој и врати „Јас сум артист и живеам за тоа“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: