#ФОКУС

БРАВО: Чукањето на првото трансплатирано срце во Македонија ги сплоти сите, се испиша историја со симфонијата “Живот”!

Објавено на

Доцна синоќа беше успешно завршена првата трансплантација на срце во Македонија.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“, порача Филипче.

Ова е првата операција на трансплантација на срце во нашата држава од починат донор.

Истата ја изведоа тим доктори кардиохирурзи и анестезиолози, професор доктор Сашко Јовев од државната кардиохирургија, доктор Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“ професор доктор Александар Николиќ, кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија, доктор Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“.

Утринава, специјализантот на Државната кардиохирургија Кристијан Бундовски на социјалните мрежи напиша:

„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за државна кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо…испишаа историја! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност, победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот”! Честитки Господа!“.

Стануваше збор почината 43- годишна пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент на 53 годишна возраст, кој веќе подолго време чекал донор.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version