Медиасет.мк

#ТРЕНД

Бред Пит и Анџелина Џоли ќе имаат заедничко старателство над нивните деца

Бред Пит доби заеднички старателство над петте малолетни деца од бракот со Анџелина Џоли после долга правна битка, објавија американски медиуми.

Поранешниот пар започна правна битка за старателство над нивните пет малолетни деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и 12-годишните близначки Вивиен и Нокс – од нивната разделба во 2016 година, а во средата (26 мај) официјално им било доделено заедничко старателство.

„Имаше значајна промена во договорите за старателство врз основа на исклучително детална одлука на судијата,“ анонимен извор изјави за „Пејџ сикс“.

„Бред само се обидуваше да има повеќе време со своите деца – и јасно беше дека Енџи стори сè за да го спречи ова,“ рече изворот.

„Овој судски процес траеше долго, со голем број сведоци, експерти, психијатри и други луѓе кои биле со децата и околу нив, а одлуката се темелеше на тоа.“

Истиот извор тврди дека Бред, кој со Анџелина има и 19-годишен син Медокс, е многу среќен што може да поминува повеќе време со своите деца.

Сепак, некои медиуми сметаат дека Џоли ќе продолжи да се бори против аранжманот за старателство, бидејќи не се согласува со начинот на кој судијата Џон Одеркирк ја водел нивната судска постапка.

 

 

На почеток
error: