Медиасет.мк

#ТРЕНД

Брнабиќ во одбрана на Ѓоковиќ: Оставете го човекот на мир, тоа беше наша вина

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ застана во одбрана на Ѓоковиќ, и ја презема вината за организацијата на „Адрија тур“ во Белград.

„Сакам да му дадам целосна поддршка на Новак, секоја чест за него. Тој сакаше да направи нешто добро за сите нас, не само во Србија туку и во регионот. Тој сакаше да помогне, да собере пари и секоја чест за тоа. Кога би можело да ја префрлат вината врз мене и да го остават на мира, јас би била најсреќна на светот. Ете, тоа е наша вина, ние ги попуштивме мерките, тој ги слушаше препораките и еве јас сум виновна. Оставете го човекот на мира, моја е одговорноста. Тоа е хумана намера за мене, секоја чест за него и секоја поддршка“,  рече Ана Брнабиќ како гостин на ТВ Пинк.

За потсетување, во Белград и Задар, Новак одржа два турнира со публика без потребното растојание на трибините. Во српската престолнина, тој ги собра своите гости во ноќен клуб на бурна забава.

Бугаринот Григор Григор прв објави дека е заразен. Потоа се огласи Хрватот Борна Чориќ, тренерот на Димитров, Крис Гро, физиотерапевтите на Григор и Новак, какои Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра, а на крај и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа дијагностицирани со коронавирус.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: