#ФАЦИ
Бројот на новозаразени од корона расте, Тамара ќе прави журка
Иако секојдневно се бележат по над 100 заболени лица од коронавирусот, поп пејачката Тамара Тодевска по неколкумесечната пауза во петок ќе се врати повторно на сцената.
Журката со Тамара е закажана на 26 јуни со почеток во 20 часот, во Intermezzo Music Bar, каде ќе ги отпее своите најголеми хитови
Intermezzo Music Bar стартува со кампања под мотото петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена. Оттаму велат дека журката ќе биде според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.
Инаку во последните дваесетина дена најмногу новозаразени лица се регистрирани во Скопје, каде во моментов се активни 1.785 случаи, од кои 413 во општина Чаир.