#ТРЕНД
Цеца кажа колку имот поседува
Во едно последно телевизиско шоу Светлана Цеца Ражњатовиќ откива колку недвижнини поседува. Имено, пејачката зборуваше за домашниот притвор во кој помина година дена, и дека на државата исплатила 1.5 милиони евра. Цеца истакна дека таа и нејзината сестра ја признале вината бидејќи „бирале помалото зло од двете“, зошто како и да е тие ќе биле виновни.
– Реков дека многу милиони со сестрами проневерив, а таа нема ништо. И јас која работам 33 години, сериозен данок плаќам на државата, пак немам ни пет недвижнини.
Не велам дека сум сиромашна, но немам не знам колку. Јас сум секогаш прва на удар кога и да проверуваше даночната инспекција, раскажала Ражњатовиќ.
– Секогаш се чешла моето потекло, моите концерти…но јас не се плашам, немам што да кријам.
За потсетување, фолк дивата пред две години на саемот за автомобили во Белград пазари лусксузен автомобил вреден 140.000 евра.