Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ (47) зборуваше за мажите и за тоа дали се обидуваат да ја освојат преку социјалните мрежи, а и искрено сподели како треба да изгледа оној што ќе ја освои нејзината љубов.
„Да не лажеме, тешко ми е да пријдам. На пример, дури и ако сакате да ми пријдете во ресторан, сите ќе го видат тоа, што станува дополнително непријатно, а и не знаете како ќе реагирам. И така натаму. Факт е. Не знам како да ги советувам оние припадници на посилниот пол кои сакаат да ми пријдат. Она што со сигурност можам да го кажам е – јас прва нема да пријдам“, вели Цеца.
„Ако флертуваат со мене, тогаш тоа е на некои од моите лажни профили, што би рекле младите. Тоа се веројатно некои неофицијални профили на социјалните мрежи кои го носат моето име, а не на мојот официјален профил. На мојот официјален профил обично ми оставаат убави коментари полни со почит, ми се восхитуваат, но тоа е далеку од флерт“, објасни фолк sвездата.
Цеца опиша и како треба да изгледа маж кој може да ја освои.
„И тогаш се појави како магија“, се пошегува Цеца. Да бидам малку сериозна, не ми треба магионичар или волшебник, потребен ми е некој што може да ја разбуди таа хемија меѓу нас. Како ќе изгледа тој, пред се да е со поголемо животно искуство, а за останатото можам да кажам дека нема правила, но сепак сум естета и сакам убави појави, посочи пејачката.
На прашањето како изгледа кога таа ќе влезе во полн ресторан, таа рече:
– Секој ми се восхитува во тајност, во себе (се смее). Само се шегувам малку. Луѓето приоѓаат да ме пречекаат, да ме поздрават, да се фотографираме, што е нешто сосема нормално. Ако ме прашате, што би рекле денешните клинци, дали некој ме „мува“- тоа не се случува.
„Зошто не се согласив да снимам филм“
– Секој што ми се понуди да снима филм или ми понуди соработка, а станува збор за сериозни странски филмски комании, сите имаа свои услови. Во тие услови сите имаа една задолжителна ставка, а тоа е да им ја дадам мојата биографија која тие ќе ја поправат во одредени сегменти како што им одговара. Тоа беше и почетокот и крајот, односно причината зошто никогаш не се договоривме. Едноставно, за да снимам филм и сè да биде вистина, очигледно би требало да го финансирам сама. Во моментов немам ниту такви афинитети ниту финансии, заклучи Цеца.