Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Цените за IPhone 12 ќе ве фрапираат

Се почесто гледаме информации за претстојната iPhone 12 линија смартфони, вклучувајќи го речиси завршениот дизајн и дел од спецификациите. Овој пат го имаме и првите информации за цената на телефоните.

Странските портали кои ги пренесуваат овие информации сугерираат дека iPhone 12 Pro, со екран од 6,1-инчи ќе чини 999 долари, додека iPhone 12 Pro Max ќе има цена од 1099 долари. Поевтините модели во новата линија ќе биде наследникот на iPhone 11 со 6,1-инчен дисплеј, чија очекувана цена ќе изнесува 749 долари, како и помала варијанта со 5,4-инчи по цена од 649 долари.

Сите споменати модели се очекуваат со 5G поддршка, OLED екрани, како и систем со две камери за поевтините модели.

Поради Ковид-19 пандемијата, се сугерира дека телефоните ќе се појават во периодот октомври-ноември.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: