#ЏЕТ-СЕТ
Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан
Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан и ќе се организира традиционално како телекаст или телевизиски пренос во живо, објави „Варајети“.
Академијата за филмска уметност и наука ја одложи 73. церемонија на доделувањето на Оскарите за 25 април 2021 година, така што киносалите повторно ќе бидат отворени на пролет, што ќе овозможи повеќе филмови да се натпреваруваат на наградите, се наведува во извештајот.
„Телевизиското емитување на Оскарите ќе се случи“, објави „Варајети“ во вторникот, повикувајќи се на претставник на Академијата.
Церемонијата традиционално се одржува во театарот Долби во Лос Анџелес. Но, поради пандемијата на коронавирусот, не се знае бројот на луѓе на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат во театарот со 3.400 седишта.