Медиасет.мк

#ОХРИД

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на ромите


До сите припадници од ромската етничка заедница упатувам искрени честитки по повод 8. Април Меѓународниот ден на Ромите. Посакувам со заеднички напори да продолжиме да го унапредуваме социо-економскиот статус и квалитетот на животот на Ромите во сите сегменти на општественото живеење.

Вие сте почитуван дел од заедничкото мултикултурно општество и придонесувате во напорите за подобра иднина на сите граѓани. Уверен сум дека со негување на традицијата и културата, обичаите и јазикот, ќе ја зачувате убавината на своето богато наследство кое ќе им го оставите на идните генерации. Сте ја имале и во иднина ќе ја имате нашата поддршка за да ги остварувате своите цели и да придонесувате во развојот на Охрид и Република Северна Македонија, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

извор: ФБ Константин Георгиески

Трендинг

На почеток
error: