Клиниката за пулмологија изработи и протокол за дозирање и употреба на Ивермектинот во Македонија. Директорот на оваа клиника, доктор Дејан Докиќ, за „Слободен печат“ објаснува дека опсервациски, од она што може да го види кај пациентите, но и кај негови блиски од непосредното опкружување, Ивермектинот има ефект.
– Ивермектинот има механизам врз основа на кој делува. Тој спречува навлегување на протеини од вирусот САРС- Ков-2 во јадрото. Јадрото е како сеф, не може секој да влезе.
