Медиасет.мк

#ФОКУС

Д-р Глигиќ: Ако сите се придржуваме до мерките, епидемијата ќе заврши за 20 дена

Доктор Ана Глигиќ епидемиолог, била шеф на лабораторијата за време на епидемијата на големи сипаници во 1972 година, во тогашна Југославија. Вели ако сите се придржуваме до мерките епидемијата би можела да заврши за 20 дена.

Д-р Глигиќ наведува дека доброто време, односно високите температури што се прогнозираат во наредните денови, сигурно ќе го успорат преносот на вирусот.

– Новиот коронавирус дефинитивно покажа дека е различен од другите. Ние ги уништуваме вирусите во лабораторијата на 65 степени, а овој преживува дури и на таа топлина. Сепак, ние дефинитивно не можеме да зборуваме за вториот бран на коронавирус затоа што ниту првиот не е завршен, односно не сме биле во ситуација да немаме заразени повеќе од дваесет дена. Вториот врв на епидемијата е во тек, и ако се придржуваме кон мерките, тој ќе заврши многу наскоро – истакнува д-р Глигиќ и додава:

-Ооткако ќе заврши тековниот период на инкубација, епидемијата ќе исчезне. Сигурна сум дека сме близу крајот! Секоја пандемија секогаш завршува порано или подоцна – вели д-р Глигиќ.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: