Дамијано Давид, фронтменот на италијанскиот рок бенд „Менескин“ е главна тема по победата на Евросонг.
На Интернет се појавија фотографии од неговите помлади денови, кога тој сè уште не бил рокер, туку просечен средношколец. „Стари фотографии на згоден италијански пејач кружат на Интернет, и никој не може да го идентификува,“ пишуваат таблоидите.
Обожавателките беа разочарани кога слушнаа дека пејачот (22) е среќно верен со инфлуенсерката Џорџо Солери (25). Илјадници фанови почнаа да споделуваат фотографии на кои тој воопшто не изгледа како денес.
На фотографиите од средното училиште, Дамијано нема тетоважи, долга коса или рокерски имиџ.
Пејачот изгледа како просечен средношколец, а токму во средно училиште ги запозна Викторија (21), Томас (20) и Итан (20) со кои го основаше бендот „Менескин“ во 2016 година.
Денес, целиот бенд има силен моден израз, тие ги рушат родовите предрасуди и со својата мода покажуваат слобода. Момчињата се шминкаат… носат високи потпетици, и покрај тоа одржуваат мажествена енергија, така и Дамијано стана нов секс симбол по Евросонгот, коментираат некои шоубиз медиуми.