Connect with us

Hi, what are you looking for?

#КИНО

Даниел Крејг и режисерот Рајан Џонсон ќе добијат по 100 милиони долари за франшизата „Нож во грб“


Во најдиверзитетната сезона на филмски награди досега, дански филм за четири средовечни пријатели кои експериментираат со алкохол стана една од најголемите успешни приказни.

Another Circle („Уште еднa тура“), во режија на Томас Винтерберг и со Мадс Микелсен во главната улога, освои четири статуетки на европските филмски награди во декември – меѓу кои и главната за најдобар европски филм.

Номиниран е за четири награди „Бафта“, вклучително и за режија и најдобар актер, а исто така е кандидат за два „Оскари“ , од кои еден во категоријата најдобра режија.

Режисерот вели дека секоја награда што ќе ја добие филмот, како и самиот филм, е во спомен на неговата ќерка тинејџерка Ида, која почина во сообраќајна несреќа, четири дена по почетокот на снимањето.

А во описот на содржината на филмот се наведува: „Постои теорија дека треба да бидеме родени со мало количество алкохол во крвта и дека таа скромна опиеност ни ги отвора умовите кон светот околу нас, намалувајќи ни ги проблемите и зголемувајќи ни ја креативноста. Поттикнати од таа теорија, Мартин и тројца негови пријатели, сите изморени наставници, започнуваат експеримент во обид да одржат постојано ниво на опиеност во текот на работниот ден“.



error: