Медиасет.мк

#КИНО

„Дизни“ по 85 години го згасна брендот „20 сенчури фокс“

“Волт Дизни“ стави крај на едно од најпознатите имиња во забавната индустрија „20 сенчури фокс“. Ова следува откако во јануари 85 години старата филмска компанија  беше ребрендирана во „20 сенчури студиос“.

Лани  „Дизни“ го купи медиумското царство на Руперт Мардок за 71,3 милијарди долари и се верува дека ребрендирањето има за цел да ја дистанцира компанијата од неговата високо партизирана и десничарска ТВ-мрежа „Фокс“. „Дизни“ е веќе доминантна сила во американскиот медиумски простор како сопственик на мрежата Еј-Би-Си, а го предизвика и „Нетфликс“ со лансирањето на својот стриминг сервис „Дизни+“. „20 сенчури фокс“ беше основан во 1935 година и низ децениите беше дел од „Големата шесторка“ на американски филмски студија. Ги има продуцирано некои од најуспешните филмови на сите времиња, како „Титаник“ и „Аватар“.

На почеток
error: