Медиасет.мк

#КИНО

Дизниевите играни филмови премиерно на „Дизни плус“

Додека „Дизни плус“ во моментот е домашен тревник на многу популарниот „Мандалоријанец“, како и на разни телевизиски серии на студиото „Марвел“, како „Ванда-вижн“, се чини дека претплатниците набргу ќе посветат повеќе време на стримерот на „Куќата на глувчето“ бидејќи „Дизни“ таму планира да прикаже премиери на неколку нови проекти.

Порталот „Дедлајн“ известува дека претстојните играни филмови, вклучувајќи ги „Круела“ со Ема Стоун и Ема Томпсон во главните улоги, „Питер Пан и Венди“ со Јара Шахиди и „Пинокио“ со Том Хенкс, најверојатно ќе немаат премиерно прикажување во киносалите и наместо тоа, ќе одат директно на „Дизни плус“.

Трендинг

На почеток
error: