Медиасет.мк

Медиасет

Добиваме боксерски спектакл, Тајсон се враќа во рингот, закажа борба со познат јутјубер

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон барем на ден ќе се врати од пензијата во која одамна замина.

Тајсон има закажана борба со познатиот јутјубер Џејк Пол, кој во последните години се занимава со боречки вештини.

Двајцата ќе влезат во рингот на AT&T стадионот во Далас на 20 јули оваа година, а директниот пренос ќе биде обезбеден на Нетфликс.

Засега не е познато кој друг ќе се бори истиот ден како дел од настанот, бидејќи повеќе детали ќе бидат откриени во деновите и неделите што следат.

Ова нема да биде првпат тие двајца да се сретнат на ист настан, бидејќи Џејк Пол беше дел од спектаклот кога Тајсон се соочи со Рој Џонс Јуниор во 2020 година.

Тоа беше првиот боксерски меч на Тајсон од 2006 година. Пол потоа го победи Нејт Робинсон, поранешен кошаркар во НБА, во егзибициски натпревар.

Во меѓувреме, тој има девет победи и еден пораз со шест нокаути во професионалниот бокс од неговото деби во јануари 2020 година.

Што се однесува до Тајсон, тој е еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот со 50 победи, шест порази и 44 нокаути.

Трендинг

На почеток
error: