Никола Јокиќ стигна до својот 20-ти трипл-дабл сезонава во победата на Денвер над Бостон од 115:109.
Српскиот центар блесна против актуелниот најдобар тим во НБА и го предводеше Денвер со 32 поени, 12 скока и 11 асистенции за 38 минути на теренот.
Како изгледа кога Јокиќ ќе реши на сите да им покаже кој е актуелниот шампион во НБА? Па, ова видео најдобро го покажува тоа.
Во анализата по средбата, дури и легендарниот Шекил О’Нил, еден од најдоминантните центри во историјата на НБА, изрази ентузијазам.
„Не можете да го чувате“, извикал Шек додека го гледал Јокиќ како блеска против тимот кој прв стигна до 48 победи оваа сезона.
На Бостон не му помогна ниту тоа што Џејлен Браун постигна 41 поен (сезонски рекорд) со 14 скока, ниту пак Кристап Порзингис имаше 24 поени со 12 скока.
Овој дуел беше преглед на она што можевме да го видиме во големото НБА финале на крајот од сезоната на 6 јуни (првиот меч од серијата).
„Не ги користам како барометар за да видам каде сме, но мислам дека тие се пример за тоа што значи да се биде одличен тим во НБА, а за тоа мораме да ги почитуваме“, изјави тренерот на Бостон Џо. Мазула.
Џамал Мареј и Јокиќ погодија неколку важни удари по сирената и со тоа ја задржаа предноста на Денвер, која во еден момент од четвртата четвртина падна од +12 на само +2 (111:109), но шампионот покажа од што е направен.