#ФОКУС
Докторка од Скопје потесена од куп амбулантни возила: Да не бидеме „Италија на Балканот”!
Медицинските лица постојано апелираат да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот.
По 24-часовно дежурство д-р Марија Михајловска упати силна порака до сите нас.
Таа објави фотографија на која има колона од амбулантни возила кои превезуваат пациенти до Општата градска болница „8-ми септември“
„Вчерашното дежурство е само предвесник на тоа што нè очекува. Ве молам почитувајте ги препораките за побрзо да ја надминеме оваа ситуација. Не дозволувајте да бидеме “ИТАЛИЈА НА БАЛКАНОТ”!