Славната музичарка откри дека не го чисти лицето пред да си легне затоа што не сака луѓето да ја гледаат без шминка доколку има итна ситуација што би ја принудила да го напушти својот дом.
“Јас нанесувам шминка и ги правам сите ритуали за убавина, а го чистам лицето наутро. Обично се обидувам да ја одржувам или корегирам шминката навечер бидејќи никогаш не знам дали ќе има земјотрес или торнадо или бура и јас ќе мора да излезам среде ноќ!“
Во интервју за магазинот „Вол стрит журнал“ 75-годишната легенда на американската кантри музика говореше и за својот режим на вежбање, и откри дека секое утро прави „вежби за радост“ за да одржи физичка и ментална кондиција.